Работилница „Поглавје 23 – Темелни права“
Во периодот 31 август – 2 септември 2016 година, се одржа работилница посветена на областаТемелни права согласно структурата на Поглавјето 23. Оваа работилница беше наменета за членови на граѓанските организации кои се дел од Мрежата 23 и грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“. Организациите од мрежата се директно поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на нивните проекти кои се составен дел од грантовата шема, но и нивните тековни активности. Дополнително, на работилницата присуствуваа и претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за европски прашања, при Собранието на РМ.
Целите на работилницата се однесуваа на следново:
1. Запознавање со структурата за креирање информации, следење и евалуација на имплементација на политиките од Поглавјето 23.
2. Темелни права опфатени со Поглавјето 23.
3. Набљудување на остварувањето на темелните права и нивната заштита.
Учесниците се стекнаа со знаење за структурата на Поглавјето 23, механизмите за заштита на правата од Поглавје 23, методологијата за креирање на информативни, евалуациски и датабази за мониторинг на пристапните преговори. Воедно, се дискутираа искуствата, предизвиците и можните ризици при имплементацијата на проектите. Исто така, детално беше претставена алатката МЕРЦ.
Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската унија.