Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија.

Меморандумот за соработка е за имплементација на проектот „Медијација, без дилема!“, кој е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
Социјалните медиуми експоненцијално ги зголемија можностите за слободно изразување, но исто така креиграа и нови предизвици.
Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 (Стратегијата) содржи показатели (индикатори) што треба да го утврдат степенот до кој мерките од Стратегијата се спроведуваат успешно. Сепак, овие показатели се претежно ориентирани кон мониторинг на продуктите од предвидените активности и посветуваат малку внимание на исходите (outcomes) и влијанието (impact) од Стратегијата. Освен тоа, показателите во голема мера се фокусираат на работата на правосудните институции, без доволно да се земе предвид влијанието што го има Стратегијата врз граѓаните.
Овој извештај се заснова на планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Со воведувањето показатели за мониторинг и оценување на спроведувањето на Стратегијата, ориентирани кон граѓаните, проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ има цел да го промовира владеењето на правото и да поттикне поголем фокус кон човековите права во правосудните институции. Показателите ги мерат резултатите низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот.
Во овој извештај се опфатени следните стратешки цели на Стратегијата: квалитет, ефикасност, транспарентност, стратешко планирање и креирање политики, правосудни институции, казнено-правна област, прекршочно-правна област и граѓанско-правна област. Притоа, индикаторите не ги опфаќаат следните стратешки цели на Стратегијата: независност и непристрасност, одговорност, пристап до правда (со исклучок на нотаријат, извршување и медијација), Судски совет, Совет на обвинители, управно-правна област.
Анализа на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија од 6 октомври 2020 година.
Овој извештај е прв по политичката одлука на ЕУ за почнување преговори со нашата држава од март 2020 година.
Наодите за Северна Македонија во овие документи се од посебно значење за да се одржи и да се засили аргументацијата за актуелното почнување на преговорите со одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината – како што планира германското претседателство.
Во оваа анализа ние се задржуваме на клучните аспекти на Стратегијата за проширување што се однесуваат на Република Северна Македонија и на посебниот извештај за нашата држава.
Пред октомврискиот состанок на Советот на ЕУ во 2019 година, бугарската влада усвои Рамковна позиција, која беше потврдена со Декларација на бугарското Собрание. И покрај поддршката за отворање на пристапни преговори, во позицијата се содржани нови услови за Република Северна Македонија кои наводно произлегуваат од Догoворот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од 2017 година.
Потоа следеше Изјава на бугарската влада како прилог на заклучоците на Советот одржан во март 2020 година.
Институтот за европска политика – Скопје објави краток документ за политика во кој се анализираат бугарските услови, спородено со билатералниот Договор. Понатаму, овој документ ги истражува можното влијание, како и опциите за надминување на овие предизвици во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, со фокус на претстојната преговарачка рамка на ЕУ во согласност со новата методологија за проширување.
По одлуката на Министрите за европски прашања на ЕУ да дадат зелено светло за започнување на преговори за членство во Унијата со Северна Македонија, подготвивме инфографик за подготвеноста на земјава за започнување на преговорите, споредено со останатите земји од западниот Балкан.
Погледнете ја подготвеноста на Северна Македонија во кластерот „Основи“ како и во останатите кластери, дефинирани во новата предложена методологија на Европската комисија. Северна Македонија е подготвена за започнување на преговорите за членство. Во одредени делови од европското законодавство, земјава е далеку понапред, во поглед на подготвеност, споредено со останатите земји од западен Балкан.
Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година.
Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македонија (РСМ, Северна Македонија). Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на ЕК. На крајот на секоја област во рамка ги издвоивме препораките и главните заклучоци.
Во текот на извештајниот период, на Европскиот самит во октомври 2019 година, покрај вложените реформски напори и преземените тешки чекори, вклучувајќи го и постигнатиот т.н. Преспански договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, РСМ не доби датум за почеток на пристапни преговори. Иако не со истиот интензитет како пред Европскиот самит, државата продолжи со работа на реформите согласно со заклучоците на Советот. Во март 2020 година ЕК објави Ажуриран извештај за земјава, во кој беа поздравени реформите во делот на правосудството, но беше наведено дека, меѓу другото, потребно е државата да се фокусира на правосудните реформи, водењето на проактивни истраги, гонења и конечни пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво. Што се однесува на правосудните реформи, значајни законодавни чекори се преземени за зајакнување на независноста на правосудството. Во овој поглед, РСМ ја засили имплементацијата на реформите предвидени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и акциониот план, имплементирајќи ги „Итните реформски приоритети“, препораките од Венецијанската комисија и од Групата на високи експерти за системско владеење на правото. Сепак, во извештајот е нотирано дека врвен приоритет е следењето на реформите, за што има и отворен дијалог со ЕК и другите партнери за да се обезбеди квалитет на донесените стратегии и на законодавството. Собранието на РСМ се распушти во февруари 2020 година заради организирање на предвремени парламентарни избори. Меѓутоа, поради пандемијата со вирусот Ковид-19, претседателот на државата на 18 март 2020 година донесе одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на целата држава. Согласно член 126 од Уставот, во време на вонредна состојба, Владата донесува уредби со законска сила.
Новото централно независно тело со надлежност за борба и спречување корупција – Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) – беше особено активна. Во моментов, покрај активна ДКСК, РСМ има и ревидирана правна рамка за спречување корупција и судир на интереси, како и за надлежностите на ДКСК. Извештајов укажува и на потребата за зголемување на буџетот и ресурсите со кои располага ДКСК, со цел непречено и ефикасно спроведување на нејзините надлежности.
Правната рамка во поглед на одредени ранливи категории на граѓани беше унапредена, но остануваат да се допрецизираат одредени недоследности во законските решенија на Законот за социјална заштита и Законот за основно образование. Во извештајниот период, и покрај двата обида, не се изврши избор на членови во Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, што ги остави граѓаните без овој механизам за заштита од дискриминација. Делата од омраза, а особено говорот на омраза, се во големи размери присутни, за што е потребна проактивна превенција и едукација на населението за опасностите предизвикани од овие појави. Жените во извештајниот период беа цел на напади и навреди од страна на политичари, новинари и други лица. Дополнително, ЛГБТИ+ заедницата и Ромите остануваат најранливи категории врз кои позначајно е присутна и интерсекциската дискриминација. Потребно е унапредување на напорите за спроведување на пресудите на ЕСЧП и превенирање на таканаречените повторувачки случаи што од земјава доаѓаат до Судот во Стразбур. Министерството за правда во извештајниот период ги унапреди условите во затворите и ја унапреди правната рамка во поглед на заштита на личните податоци. Слободата на изразување останува предизвик; новинарки и новинари сè уште пријавуваат закани и притисоци, додека оние што се занимаваат со истражувачко новинарство со фокус на криминал и корупција немаат доволно ресурси и поддршка за да укажуваат на високопрофилни случаи на корупција. Потребно е понатамошно реформирање на јавниот дифузен сервис, а предизвикот со ширење на лажни информации и сомнително финансирање на интернет-медиуми сè уште е присутен.
Овој извештај во сенка е изготвен во рамките на институционалниот грант на Институтот за европска политика финансиран во рамките на програмата на ЦИВИКА мобилитас.

0