Иницијална конференција – Следење на владеење за раст (JuDGMeNT)

Сеп 22, 2016

epiadmin

Настани

0

На 15 септември 2016 година (четврток), се одржа иницијалната конференција на проектот “Следење на владеењето за раст во областа на правдата од Стратегијата за ЈИЕ 2020 (JuDGMeNT)“, финансиски поддржан од Регионалниот совет за соработка.

Целта на оваа конференција беше презентирање на проектот на јавноста и отворање првична дискусија за состојбите опфатени со Стратегијата за ЈИЕ 2020: квалитет, компетентност и ефикасност на судиите и судството; судска соработка за слободен пристап до информации, прекугранично извршување и прекугранични постапки за стечај, преземање и спојување; и алтернативно решавање на спорови.

За секоја од областите беа подготвени воведни излагања од страна на претставници на засегнатите страни, односно Академијата за судии и јавни обвинители, експерти за надворешни односи и активни медијатори. На конференцијата зедоа учество претставници на институциите, граѓанското општество, научната фела и медиумите. Оваа активност претставуваше и чекор кон подигање на свеста за значењето на Стратегијата за ЈИЕ 2020.

Фото галерија.

Стратегијата за ЈИЕ 2020 се фокусира на создавање на работни места преку зголемена регионална соработка и претставува важен чекор за евроатлантската интеграција на државите од регионот.

Post by epiadmin

Comments are closed.