Главната цел на истражувањето „Повеќедимензионалните придобивки и ефекти од пристапување кон НАТО“, изработено од м-р Тимурленк Чековиќ, е утврдување на безбедносните и политичките придобивки од пристапувањето во НАТО. За таа цел, меѓу другите ефекти, анализирани се и придобивките од стапување во воен сојуз, односите на алијансата со Русија, а се анализира и влијанието на членството во […]
Истражувањето „Економски придобивки и предизвици од членството во НАТО“, изработено од м-р Ивана Велковска, е насочено кон утврдување на економските ефекти од пристапувањето во НАТО. За таа цел, изработена е компаративна анализа на Албанија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија и Македонија, за утврдување на буџетските импликации, ефектот врз БДП и странските директни инвестиции (СДИ), како и […]
Од јануари 2019 година, во партнерство со Универзитот во Утрехт, Migration Policy Group и Human European Consultancy, Институтот за европска политика, преку истражувачката координаторка Билјана Котевска, учествува во работата на мрежата на Европската комисија “Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација”. Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во […]