[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер/ка кој/а ќе биде вклучен/а во проектните активности на организацијата.

Времетраењето на ангжманот е предвидено да трае три месеци, со можност за продолжување.

Како услови за волонтирање, ЕПИ го наведува следново:

 

  • Додипломски студии (правни, политички);
  • Солидно познавање на англискиот јазик;
  • Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Солидно познавање на Microsoft Office (особено работа со Excel);
  • Способност за работа и функционирање во тим.

 

Волонтерот/волонтерката ќе биде ангажиран/а во рамки на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ-годишна работна програма за 2024 година“, кој е финансиран од Европската Унија. Преку овој проект волонтерот/волонтерката ќе стекне знаење за стандардите на ЕУ во делот на владеењето на правото, основните човекови права и реформите во правосудниот сектор во нашата држава.

Поточно, волонтерот/волонтерката главно ќе ги има следните работни задачи:

  • Обучување и работа на истражувачки активности во областа на владеење на правото;
  • Анализа на македонското и европското законодавство и јавни политики;
  • Обучување за и користење на датабазата МЕРЦ;
  • Асистирање на тимот на проектот при вршење на секојдневните обврски;
  • Помош при организирање настани и конференции;
  • Учество на настани и конференции организирани од други организации и институции;
  • Правење договори, налози за исплати и патни налози.

 

ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.

Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.

Аплицирајте со испраќање на резиме (CV) и мотивационо писмо на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе ЕПИ_оглас_за_волонтер_(датум)_(Име и презиме).

Пријавувањето е отворено до 30 мај 2024 година (четврток).

Comments are closed.