Подготовка за пристапните преговори во Република Македонија: Што можеме да научиме од ВеБЕР мониторингот?

Овој краток документ за јавна политика го анализира значењето на наодите од проектот ВеБЕР за подготовка на институционалните структури и процедури за управување со пристапните преговори во Република Македонија.Преку проектот ВеБЕР беа избрани и мониторирани одреден број на начела преку сопствени индикатори во сите области од Начелата на јавната администрација, а наодите се претставени во Националниот извештај како и Регионалниот компаративен извештај. Овие начела нудат заеднички именител на реформата на јавната администрација за сите земји аспиранти за ЕУ, поставувајќи го правецот кон членството во ЕУ.

Comments are closed.