Повеќедимензионалните придобивки и ефекти од пристапувањето кон НАТО [истражување]

Јан 08, 2019

epiadmin

Новости

0

Главната цел на истражувањето „Повеќедимензионалните придобивки и ефекти од пристапување кон НАТО“, изработено од м-р Тимурленк Чековиќ, е утврдување на безбедносните и политичките придобивки од пристапувањето во НАТО. За таа цел, меѓу другите ефекти, анализирани се и придобивките од стапување во воен сојуз, односите на алијансата со Русија, а се анализира и влијанието на членството во НАТО врз подобрување на глобален индекс на мирот – ГПИ на нејзините членки. Во истражувањето се анализираат и безбедносните ризици за Република Македонија, од аспект на косовското безбедносно прашање и мигрантската криза.

Истражувачот доаѓа до наодот дека, заштитата на безбедноста и мирот се едни од најважните причини поради кои Македонија треба да стапи во сојуз со други посилни држави и да ги црпи економските и безбедносните придобивки, особено земајќи ги предвид ризиците од непристапување. Покрај останатите показатели, ГПИ како корисна и методолошки издржана алатка за пресметка на безбедносен ризик на земјите, јасно покажува дека 15 земји-членки на НАТО се помеѓу првите 30 најдобро рангирани во светот според ГПИ.

Целосното истражување е достапно на линкот подолу.

Ова истражување е објавено во рамките на проектот Граѓанска дебата за НАТО, кој го спроведува Институтот за европска политика – Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за одбрана на Република Македонија. Ставовите изнесени во истражувањето се ставови на авторот и не ги одразуваат ставовите на Институтот за европска политика – Скопје и Министерството за одбрана на Република Македонија.

 

 

Post by epiadmin

Comments are closed.