Извештајот во сенка за Поглавјето 23 ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Всушност, ова е трет извештај во сенка што го објaвува „Мрежа 23“. Претходните два извештаи се однесуваа на периодот октомври 2014 – јули […]
Институтот за европска политика (ЕПИ) го објави истражувањето за ефективноста на механизамот на одредници на Европската Унија во Македонија, кое е спроведено во рамките на проектот БЕНЧЕР. Во рамките на истражувањето се анализираше ефективноста на одредниците на ЕУ за Македонија во 8 области од Поглавјата 23 и 24: Поглавје 23: ● Мерит систем на кариери […]
Денеска се одржува завршна конференција од проектот БЕНЧЕР, во организација на Центарот за европски политики во Белград. Во продолжение споделуваме дел од дискусијата која се одвива на конференцијата. „Во западниот Балкан се соочуваме со т.н. ‘плитка европеизација’. Извештаите на ЕК за напредокот на државите не ја отсликуваат содржината и сериозноста на ситуацијата. Од тука, произлегува […]
Денеска се одржа форум на тинк тенк организации од Македонија и Полска, како дел од работната средба помеѓу МНР на Република Македонија и МНР на Република Полска. Настанот го отворија на министерот за надворешни работи на Република Македонија Н.Е. Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Полска Н.Е. Јачек Цапутовиц. Претставниците на тинк-тенк […]
Коалицијата „Сите за правично судење“ на своето годишно собрание одлучи да го прифати барањето за приклучување на Институтот за европска политика (ЕПИ). Покрај ЕПИ, кон Коалицијата се придружи и Македонското здружение на млади правници. Коалицијата претставува мрежа на граѓански организации, чии цели се: ● да го зголеми почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови; ● […]
Денеска се одржа првата средба на работната група за Поглавјето 23, во рамките на Националната конвенција за Европската Унија. Настанот го отворија г-ѓа Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење во Република Македонија и носител на проектот, г-дин Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, како и Александар Дулеба, директор на Словачкото здружение за надворешна политика […]
Истражувањето “Полиција водена од систем на заслуги и на квалификации или партиски интереси?” го опфаќа проблемот на селекција, регрутирање и на вработување на полициски службеници и неуспехот на обезбедување систем на унапредување во кариерата заснован на заслуги и квалификации на сите нивоа (стратешко, тактичко и оперативно) во македонското Министерство за внатрешни работи и во полицијата. […]
Институтот за европска политика (ЕПИ) и Институтот за човекови права (ИЧП) на 13 февруари 2018 година испратија коментари до Министерството за правда, во врска со предложените измени на Законот за Судски совет на РМ и Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Во прилог на овој текст се наоѓаат коментарите. Коментари на измени […]