ЕПИ стана дел од Коалицијата „Сите за правично судење“

Мар 10, 2018

epiadmin

Новости

0

Коалицијата „Сите за правично судење“ на своето годишно собрание одлучи да го прифати барањето за приклучување на Институтот за европска политика (ЕПИ). Покрај ЕПИ, кон Коалицијата се придружи и Македонското здружение на млади правници.

Коалицијата претставува мрежа на граѓански организации, чии цели се:

  • ● да го зголеми почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови;
  • ● да ја воспостави јавната доверба во правниот систем и судството воопшто;
  • ● да ги идентификува наследените проблеми во судскиот систем и да укаже на потребата за правна и институционална реформа;
  • ● да ја запознае јавноста со стандардите за правично судење и да ја засили довербата на граѓаните во функционирањето на судскиот систем;
  • ● да ги намали можностите за несоодветен третман на страните во спорот од судиите и другите учесници во постапката.
Post by epiadmin

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *