Презентација на истражување: Реформи од клупа – колку можат да бидат ефективни?

Мар 28, 2018

epiadmin

Новости

0

Институтот за европска политика (ЕПИ) го објави истражувањето за ефективноста на механизамот на одредници на Европската Унија во Македонија, кое е спроведено во рамките на проектот БЕНЧЕР. Во рамките на истражувањето се анализираше ефективноста на одредниците на ЕУ за Македонија во 8 области од Поглавјата 23 и 24:

Поглавје 23:

  • ● Мерит систем на кариери за судиите
  • ● Реформи во академијата за судии и јавни обвинители
  • ● Мерит систем на кариери за јавни службеници
  • ● Спречување на напади врз медиумите и новинарите; медумска слобода; медиумска независност
  • ● Спроведување на Законот за заштита од дискриминација

Поглавје 24:

  • ● Закон за азил во согласност со ЕУ acquis
  • ● Гранична политика (конкретни планови за спречување на корупцијата; следење на детектираните случаи; погранична соработка)
  • ● Борба против организиран криминал (улогата на безбедносните служби и надзорните механизми; воспоставена основна пракса за истраги на организиран криминал)

Презентацијата на наодите на истражувањето ќе се одржи денеска, во хотел Дувет, со почеток од 12 часот. По презентацијата ќе следи дискусија.

Истражувањето можете да го најдете на линкот: [Benchmarking in Macedonia] Sitting on the bench and marking – How effective?

Проектот БЕНЧЕР е координиран од ЕПИ, а имплементиран од Think for Europe Network. Проектот е финансиран од European Fund for the Balkans.

Post by epiadmin

Comments are closed.