ТЕН Регионална конференција во Белград на 9-10 септември 2015 година
Организатори на Конференцијата се Центарот за европски политики (ЦЕП) од Белград, Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје и Институтот Алтернатива (ИА) од Подгорица. Целта на Конференцијата е да се отвори регионална дебата за ефикасноста на јавната администрација во земјите од Западна Европа. Посебен фокус ќе биде ставен на улогата и значењето на ревизијата на успешност и евалуацијата на јавните политики, за подобрување на процесот на креирање јавни политики и постигнување подобра јавна администрација, во контекст на процесот на пристапување кон ЕУ:
Конференцијата ќе вклучува различни дебати со реномирани учесници како претставници на граѓанскиот сектор, државните институции и меѓународните организации и мрежи. Воедно, ќе биде презентирана и компаративна студија изработена од членките на ТЕН мрежата, што ги содржи наодите од истражувањето за степенот на развивање на ревизијата на успешност и евалуацијата на јавните политики (како и можностите за нивно поврзување) во Србија, Македонија и Црна Гора. Покрај тоа, академци и истражувачи во полето на јавната администрација од цела Европа ќе ги споделат своите искуства во однос на реформите во јавната администрација, презентирајќи истражувачки студии и дискутирајќи за своите наоди во организирани работни групи.
Конференцијата е организирана во рамките на проектот “Ревизија на успешноста и евалуација на политиките: на исти или на различни патеки?“, поддржан од Регионалната програма за унапредувње на истражувањата во Западен Балкан (RRPP), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Официјалниот хаштаг на Конференцијата е #TENConference2015.