Одржана втората работилница во рамки на проектот Дијалози за визија

Сеп 24, 2015

epiadmin

Настани

0

Институтот за европска политика во рамки на својот проект Дијалози за визија кој е поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје, ја организираше обуката на тема: Рамка за јавни политики, која ја спроведоа Zoe Collier и Graham Davey од Windmill Consulting од Лондон, Велика Британија. Целта на оваа работилница беше учесниците да се запознаат со процесот на креирање политики засновани на докази како и начинот на кој што невладините организации можат да влијаат во целиот тој процес. На работилницата учествуваа претставници од десетина невладини организации кои работат во различни области-добро владеење, права на жената, економски прашања, вклученост на младите. Работилницата се одржа од 17-20 септември во хотел Манастир во Берово.

Post by epiadmin

Comments are closed.