Форум на тинк тенк организации од Полска и Македонија
Денеска се одржа форум на тинк тенк организации од Македонија и Полска, како дел од работната средба помеѓу МНР на Република Македонија и МНР на Република Полска. Настанот го отворија на министерот за надворешни работи на Република Македонија Н.Е. Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Полска Н.Е. Јачек Цапутовиц.
Претставниците на тинк-тенк организациите се осврнаа на искуството на Република Полска во поглед на евроатлантските организации, како и односите кои Македонија и Полска ги имаат со Русија и Азија. Дополнително, истражувачите се осврнаа на ефектите од соработката на локалните власти и меѓуграничната соработка помеѓу државите, како и придобивките од Берлинскиот процес.
Темите и учесниците на форумот се:
Безбедноста на Балканот и неговите евроатлански аспирации
- ● Tomasz ŻORNACZUK, Раководител на одделот на програмата за централна Европа, Полски институт за меѓународни односи (PISM)
- ● Witold RODKIEWICZ, аналитичар, Центар за источни студии (OSW)
- ● Марко ТРОШАНОВСКИ, претседател, Институт за демократија “Societas Civilis”
- ● Магдалена ЛЕМБОВСКА, аналитичарка, Аналитика – мисловна лабораторија
Соработка со националните/локалните власти, вклучувајќи го Берлинскиот процес
- ● Marta SZPALA, виша соработничка, Центар за источни студии (OSW)
- ● Adriana SKORUPSKA, аналитичарка, Полски институт за меѓународни односи (PISM)
- ● Алберт МУСЛИУ, извршен директор, Асоцијација за демократски инисијативи
- ● Биљана СПАСОВСКА, координаторка за застапување и јавни политики, Балканска мрежа за развој на граѓански организации
Модератор: Александар Јованоски, програмски координатор во Институтот за европска политика (ЕПИ)
Форумот на тинк тенк организации за прв пат се одржува како дел од Конференцијата во Скопје, која е механизам на соработка помеѓу Р. Полска и Р. Македонија, воспоставен во 2010. Повеќе информации можете да најдете на прикачениот документ.