Повик за експерт/и за подготовка на две методологии за спроведување на анкети

Институтот за европска политика објавува повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на две методологии за спроведување на анкети со претставници од бизнис секторот и јавната администрација и подготовка на прашалници.

Целта на оваа задача е да се подготват две методологии за спроведување на две репрезентативни анкети: една со претставници на бизнис секторот и една со претставници на јавната администрација.

Од анкетите треба да се добие преглед во погледите на претставниците на бизнис секторот и јавната администрација за медијацијата, како и стапката на употреба на медијацијата во споровите во кои тие се странки. Двете анкети ќе бидат спроведени од независни агенции, кои Институтот за европска политика ќе ги избере по објавување на друг повик и соодветно спроведена тендерска постапка.

Од избраниот кандидат/кандидати се очекува да ги изврши следните активности:

  • Развивање на методологијата за спроведување на репрезентативна анкета за употребата на медијацијата и користа од медијацијата наменета за претставници на бизнис секторот и методологијата за спроведување на репрезентативна анкета за употребата на медијацијата и користа од медијацијата наменета за јавна администрација.
  • Подготовка на прашалници за употребата на медијацијата, користа од медијацијата, наменети за претставници на бизнис секторот и јавната администрација во земјата.
  • Комуникација со агенциите кои ќе ја спроведуваат анкетата.

 

На следните линкови може да ги најдете потребните документи и анекси за повикот:

Документацијата треба да биде испратена на [email protected] не подоцна од 25 февруари 2021 година, со предмет (subject): Пријава за експерт за подготовка на методологија за спроведување на анкета, прашалници и анализа на анкета.

Избраниот кандидат ќе биде известен по електронски пат најдоцна до 28 февруари 2021 година.

Очекуван почеток на работата е 1 март 2021 година. Методологиите и прашалниците треба да бидат финализирани заклучно со 25 март 2021 година.

Comments are closed.