ЕПИ, Академијата за судии и јавни обвинители, Комората на медијатори и Холандската федерација на медијатори потпишаа меморандум за соработка

Со цел промоција и зголемена употреба на медијацијата во земјава, Институтот за европска политика, Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка е за имплементација на проектот „Медијација, без дилема!“, кој е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Главна цел на проектот е зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите. Повеќе за проектот видете на следниот линк

Comments are closed.