Завршна конференција Мрежа 23

Јул 07, 2015

epiadmin

Настани

0

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, Ве покануваат на завршната Конференција од проектот Мрежа 23. Настанот ќе се одржи на 9 јули (четврток) 2015 година, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 10.00 часот. Проектот беше имплементиран во рамки на ИПА 2013 – програма за поддршка на граѓанските организации.

Целта на конференцијата е официјално претставување на Мрежа 23, граѓански организации кои активно беа вклучени во следењето и евалуацијата на политиките кои произлегуваат од Поглавјето 23 – правосудство и темелни права за членство на земјата во Европската Унија.

Понатаму, на настанот ќе бидат презентирани наодите од Нацрт-анализата за овие области, како прва анализа во сенка за ова поглавје подготвена од граѓански организации. Ќе се презентираат и наодите од документите за јавна политика кои беа добиени преку анализа заснована на докази од страна на организациите дел од грантовата шема на проектот.

Заклучоците од дискусијата ќе бидат интегрирани во конечната верзија на Анализата. Воедно, на Конференцијата ќе се претстави датабазата МЕРЦ (merc.org.mk), која овозможува категоризација и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права.

На конференцијата ќе се обратат спроведувачите на проектот и претставници од институциите. Воведничари за секој панел се д-р Наташа Габер Дамјановска, судија во Уставен Суд и г-ѓа Силва Пешиќ – советник за човекови права на постојаниот координатор на ОН. Како дискутанти се предвидени претставници на институции, истакнати експерти и практичари од земјата и регионот.

 

 

Линк: https://www.facebook.com/events/416197551905002/

Post by epiadmin

Comments are closed.