Поддршка за подобрување на имплементацијата на медијацијата во Македонија – МАТРА
Демократија и владеење на правото: Поддршка за подобрување на имплементацијата на медијацијата во Македонија – МАТРА
Проектот МАТРА „Поддршка за подобрување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“ беше финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, и имплементиран од Институтот за европска политика во Скопје, во партнерство со Т.С.М. Асер Институтот од Хаг, Холандија. Во спроведувањето на проектот, ЕПИ беше во блиска соработка и со Центарот за менаџирање со конфликти (CVC) од Холандија.
Проектот имаше цел да придонесе во подобрувањето на имплементацијата на медијацијата во граѓанските и во трговските спорови во Република Македонија.
Меѓу очекувањата на проектот е создавање солидна и сеопфатна рамка за имплементација на медијацијата во Македонија, врз основа на објективна проценка на постоечките состојби. Конечниот ефект кој се очекува е создавање нормативна и институционална околина поволна за одржлив развој на медијацијата во Македонија, што ќе резултира со зголемен број предмети на медијацијата.
Таквиот резултат на проектот треба да има пошироко влијание, особено на реформата на судството – намалување на товарот врз судовите и на заостанатите предмети, што за возврат треба да има позитивно влијание и врз други приоритетни сектори, како што е развојот на приватниот сектор.
Проектот беше создаден и оформен во соработка со инволвираните институции и засегнатите страни со цел најдобро да се одговори на нивните потреби. Министерството за правда, Комората на медијатори, Врховниот суд, граѓанскиот суд Основен суд Скопје II и Академијата за обука за судии и јавни обвинители, беа вклучени преку нивните претставници во Координативното тело за да се обезбеди сопственост врз проектот и врска до нивоата на одлучување, со примарна цел да се обезбеди одржливост.
Со создавањето среднорочен план, вклучувајќи механизми за мониторинг и за евалуација, проектот обезбеди конзистентна рамка за унапредување на медијацијата.
Проектните активности и резултати беа одобрени од страна на Министерството за правда и Владата и беа вклучени во aкцискиот план за следење на напредокот на Извештајот на ЕК/Националната програма за усвојување на правото на ЕУ(НПАА).
Проектните активности во насока на јасно прецизирање на надлежностите на институциите за обука, обезбедуваат одржлив систем за обука во кој улогата на секоја институција треба да биде јасна и почитувана. Се изготви листа на обучувачи за медијација за медијаторите и за судиите, како и ревидирани програми за обука за медијацијата. Преку проектот се преминува на воведување систем за квалитет на медијаторите во Македонија.
Исто така, се очекува методите на координација и соработка меѓу институциите кои произлегоа во текот на проектот да бидат преземени и институционализирани од страна на Министерството за правда.
Обезбедената сопственост, воспоставените институционални механизми, заедно со зајакнатите капацитети на вклучените институции, се очекува да обезбедат солидна осно