Потребно е продлабочување на реформите во Поглавје 23

Јун 18, 2018

epiadmin

Новости

0

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, на 5 јуни 2018 година, ја одржаа завршната конференција од проектот „Мрежа 23+“, под насловот „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“. Конференцијата се одржа во рамките на проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Настанот беше поддржан од Општина Центар.

Конференцијата ја отворија директорката на ЕПИ Симонида Кацарска, претседателот на Владата, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар ОсманиРената Дескоска, министерка за правда, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Гордан Калајџиев.

На конференцијата се потенцираше потребата од продлабочувањето на реформите во Поглавјето 23, со цел унапредување на владеењето на правото во Република Македонија. Во оваа насока, Владата ја истакна потребата за соработка со граѓанските организации од Мрежа 23. Говорниците на конференцијата дадоа конкретни согледувања и препораки за областите од Поглавје 23, кои ќе можете да ги прочитате во краткиот документ кој следува наскоро.

Сесиите на конференцијата беа поделени по структурата на Поглавјето 23. Значаен придонес дадоа панелистите на сесиите, но и останатите учесници на конференцијата, кои се вклучија на тематските дебати. Панелисти на конференцијата беа:

Правосудство

  • ● д-р Џемали Саити, судија во Врховен суд и претседател на Здружение на судии
  • ● г-а Ленче Ристовска, Специјална јавна обвинителка
  • ● г. Воислав Гавровски, заменик Јавен обвинител
  • ● проф. д-р Лазар Нанев, судија и претседател на Советот за превенција против малолетничка деликвенција – грантист на Мрежа 23+
  • ● г-а Натали Петрoвска, директорка на Коалиција „Сите за правично судење“ – грантист на Мрежа 23+
  • ● г. Зоран Јанкуловски, директор на Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија – грантист на Мрежа 23+

Борба против корупција

  • ● д-р Розета Трајан, генерален секретар во Државната комисија за спречување на корупцијата
  • ● проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на Институт за стратешки истражувања и едукација и професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ – грантист на Мрежа 23+
  • ● г-а Ана Ѓурниќ, Институт Алтернатива, Црна Гора
  • ● г. Владимир Михајловиќ, Центар за европски политики, Србија
  • ● г. Дарко Поповски, ЗИП Институт – грантист на Мрежа 23+

Овие сесии ги модерираше г-а Гордана Дувњак, новинарка и уредник на 1ТВ.

Темелни права

  • ● г-а Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права
  • ● г. Иџет Мемети, Народен правобранител
  • ● д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и соработник на Универзитетот Ренмин во Кина
  • ● проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, поранешна уставна судијка и в.д директорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
  • ● г. Александар Николов, директор на Асоцијација Зенит и надворешен експерт на Женска акција – грантист на Мрежа 23+
  • ● г-а Радмила Стојковска Алексова, Отворете ги прозорците – грантист на Мрежа 23+

Условите потребни за „уживање на правата“ на државјаните на ЕУ,  правата на глас/да гласаат  и да се кандидираат за локални избори

  • ● г. Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар
  • ● г. Димитар Пехливанов, експерт за европски интеграции, Бугарија
  • ● г. Иван Новосел, Куќа за човекови права, Хрватска
  • ● г-а Арлинда Илази, Мултикултура – грантист на Мрежа 23+

Овие сесси ги модерираше г. Васко Попетревски, новинар.

Овде можете да ги најдете фотографиите од конференцијата.

Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Настанот е поддржан од Општина Центар. Проектот е имплементиран од Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права во РМ.

Post by epiadmin

Comments are closed.