Колку се ефикасни одредниците на ЕК? – Конференција во Белград
Денеска се одржува завршна конференција од проектот БЕНЧЕР, во организација на Центарот за европски политики во Белград. Во продолжение споделуваме дел од дискусијата која се одвива на конференцијата.
„Во западниот Балкан се соочуваме со т.н. ‘плитка европеизација’. Извештаите на ЕК за напредокот на државите не ја отсликуваат содржината и сериозноста на ситуацијата. Од тука, произлегува потреба за оценување на одредниците на Европската комисија.“, кажа Адрита Абази Имери, програмска координаторка во ЕПИ.