ЕПИ ги презентираше резултатите од Националната дебатна анкета во Собранието на Република Северна Македонија

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје вчера во Собранието на Република Северна Македонија ги презентираше резултатите и препораките од Националната дебатна анкета за националните позиции во меѓународните односи.

 

Средбата во Собранието беше организирана во соработка со Комисијата за одбрана и безбедност и претседателот на комисијата, генерал Павле Арсоски. Пред пратениците беа презентирани ставовите на граѓаните и промените во нивните размислувања искажани при истражувањето спроведено согласно  методот на дебатна анкета (Deliberative Polling ).

Тоа е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа. Таа цели да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата.  Првичната анкета беше спроведена на репрезентативен примерок од 1001 испитаник од целата држава, додека дебатниот настан се одржа во Скопје со 135 испитаници.

 

Дебатната анкета спроведена од ЕПИ покажа дека потребно е развивање комуникациски стратегии кои ги преточуваат надворешните политички одлуки во нивните практични влијанија врз секојдневниот живот на граѓаните, нагласувајќи на тоа како меѓународните напори, како што се интеграцијата во ЕУ и членството во НАТО, влијаат на економските можности, безбедноста и социјалните услуги. Јавни консултации и едукативни кампањи кои се фокусираат на конкретни прашања од надворешната политика кои директно влијаат на граѓаните, дизајнирани да бидат достапни и релевантни за пошироката јавност, како и спроведување стратегии за борба против дезинформациите во однос на интеграцијата во ЕУ и членството во НАТО. Вклучување услуги за проверка на факти и јавна свест за промовирање на точни информации..

 

Comments are closed.