Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба за ангажман на истражувач/ка за политики на Европска Унија. Позицијата предвидува полно и редовно работно време во период од една година, со можност за продолжување. Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба и динамична работна средина.

 

Опис на позицијата

 

Потребни квалификации

 

Документи за пријавување

  1. CV (на македонски јазик).
    • Појаснување: Форматот на CV не е важен, но истото задолжително мора да содржи информации за: работно искуство (работна позиција, опис на работни активности, работодавач и датуми), формално образование (полна листа), неформално образование (само од релевантност за огласот), јазици (со задолжителен осврт на ниво на познавање јазиците наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас) и компјутерски вештини (со задолжителен осврт на ниво на познавање на програмите наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас). Доколку имате публикации или други објавен материјал Ве молиме наведете ги. Во овој дел можете да ставите и интернет врска до профили на социјалните медиуми кои Вие сте ги користеле или одржувале за професионални цели доколку сакате да ги земеме предвид.
  2. Пропратно писмо (на македонски јазик).
    • Појаснување: Во ова писмо очекуваме да ни кажете зошто сте заинтересирани за оваа позиција и како Вашите квалификации одговараат на позицијата, преку директно поврзување на Вашето досегашно работно искуство и/или образование со квалификациите кои се бараат според овој оглас. Примери од претходно искуство на исполнување на предвидените задачи во овој оглас ќе бидат повеќе од добредојдени.
  3. Пример од Ваш текст.
    • Појаснување: Пример или извадок од Ваш пишан труд, извештај, краток документ за применети политики, поглавје во книга или друга слична публикација произлезена од академско истражување или истражување на применети политики. Дадете предност на текстови каде сте единствена авторка/автор. 

Вака подготвената апликација треба да ја пратите по електронска пошта на [email protected] и [email protected] со наслов ЕПИ_ истражувач_(датум)_(име и презиме). Ве молиме сите документи да ги испратите во PDF формат. Рокот за пријавување е 16 октомври 2024 година.

Кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат повикани на тестирање, по што тие што ќе бидат најдобро оценети на тестот ќе бидат повикани на интервју. Целиот процес на селекција се очекува да заврши во рок од две недели од крајниот рокот за пријавување.