Поддршка за понатамошен развој на моделот на фазно пристапување на Западен Балкан во Европската Унија

Инфо за проектот: Овој проект има цел да поддржи понатамошна и сеопфатна аналитичка работа за детално развивање на моделот за фазно пристапување, кодизајниран од ЦЕП од Белград и ЦЕПС од Брисел. За да се постигне оваа цел, проектот предвидува изработка на серија пубкикации кои ќе одговорат на повратните информации добиени од засегнатите страни за време на првата рунда на застапување на партнерските организации кои го дизајнираа моделот. Во насока на постигнување на резултатите, проектот ќе се потпира на експертизата на истакнати истражувачи од регионот, членови на мрежата на тинк тенкови и центри за истражување на политиките на ЕУ во Југоисточна Европа – Think for Europe Network (TEN) и соработка со истражувачки организации во земјите на ЕУ.

Институтот за европска политика ќе изработи документ за политики за потенцијална примена на моделот на фазно пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, ќе придонесе за развој на документ политики за моделот на фазно пристапување во врска со иницијативите за регионална соработка и ќе има претставник на Одбор за унапредување со задача да учествува во дискусии, да разменува идеи и да се консултира за нацртите и да обезбеди експертиза во согласност со потребите во процесот на изработка на документите за политики.

Времетраење на проектот: 1.09.2022 – 31.05.2023

Буџет: 150000 УСД

Донатор: Фондација Отворено општество

Comments are closed.