Отворен повик за тим од 2 експерт(к)и за ревидирање на внатрешни документи за мониторинг на организациско влијание и организациска обука, вклучително и од родова перспектива

Институтот за европска политика – Скопје распишува отворен повик за „Тим на експерт(к)и за ревидирање на внатрешни документи и обука за мониторинг на организациско влијание, вклучително и од родова перспектива”  (Experts for revision of monitoring organizational impact, including gender mainstreaming and delivery of a corresponding training)“. Задачите на тимот и временската динамика се детално објаснети во документот во прилог – Услови за работење (Terms of reference).

Вкупниот износ предвиден за оваа задача е 2400 EUR бруто

Потребни услови за аплицирање:

  • минимум 7 години искуство работа со управување и мониторинг кај здруженија на граѓани;
  • високо образование;
  • искуство во делот на мониторинг и евалуација на организациско влијание;
  • искуство во користење на родова перспектива;
  • искуство во менторирање и поддршка на здруженија на граѓани.

За да аплицирате на повикот потребно е да испратите работна биографија (CV) на ДВА експерт(к)и на англиски и/или македонски јазик на [email protected], со предмет (subject): Пријава за тим на експерт(к)и за ревидирање на мониторинг на организациско влијание, вклучително и од родова перспектива, најдоцна до 09 септември 2022 година.

Евалуацијата ќе се спроведува врз основа на квалитетот на пријавите, односно доставените две работни биографии (CVја).

За сите дополнителни информации во однос на повикот, обратете се на [email protected], најдоцна до 05 септември 2022 година.

Comments are closed.