Реакција до јавноста: ЕПИ го осудува насилството на протестите

Институтот за европска политика (ЕПИ) строго го осудува насилството и поттикнувањето на етничка нетрпеливост на протестите против францускиот предлог и говор на омраза на било која основа.
 
ЕПИ поддржува аргументирана дебата за пристапување кон ЕУ како стратешка определба на нашата држава наспроти насилство. Наше категорично залагање секогаш било и останува сите клучни прашања во општеството да се решаваат на институционален начин и со почитување на правата на граѓаните.
 
Културата на дијалог е една од клучните европски вредности за обезбедување на општествен компромис за отворени прашања.
 
ЕПИ останува поддржувач на европската перспектива на земјата.

Comments are closed.