Судиите, јавните обвинители и медијаторите слушаа обука за медијација во рамки на континуираната обука на АСЈО
Во текот на јуни и јули, ЕПИ организираше две обуки за судии, јавни обвинители и медијатори за медијација во рамките на континуираната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Обуката има цел да придонесе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите, како и намалување на заостатокот на предметите во судовите.
Учесниците на обуката се запознаа со медијацијата во трговски, осигурителни и кривични спорови, како и за правдата за децата.
Оваа обука беше организирана во рамките на проектот „Медијација, без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје во соработка Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Комора на Медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.