Повик за учество на онлајн дискусија „Достапна и чиста вода за сите“

Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сѐ”, организира дискусија со граѓан(к)и „Достапна и чиста вода за сите“ која ќе се одржи на 18ти ноември (четврток) од 12:00 часот преку платформата Зум.

Целта на овој настан е да слушнат искуствата и ставовите на граѓаните за актуелните состојби во однос на пристапот и квалитетот и заштитата на водата за пиење, како и загадувањето и заштита на површинските води (реки, езера, акумулации) во нивното место на живеење и во државата во целина.  Учесниците на овој настан ќе имаат можност да разговараат за потребните проекти и активности кои треба да се спроведат за да се адресираат проблемите кои тие ги сметаат за приоритетни.

Ставовите на учесниците и заклучоците од дискусиите ќе бидат во презентирани во извештај од настанот. Секој/а учесник/учесничка на настанот ќе добие финансиски надомест од 920 денари (бруто износ).

Услови за учество

Сите заинтересирани потребно е да го пополнат прашалникот за учество на настанот на следниот линк (https://forms.gle/ZYbosStM5Y4jPzoW8)

Лицата кои ќе бидат вклучени во настанот потребно е да се пријават ги исполнуваат следните критериуми:

– Да бидат постари од 18 години;

– Да живеат на територијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување за учество е вторник, 16 ноември 2021 година. Избраните кандидати ќе бидат контактирани на емаил адресата или телефонскиот број наведен во пријавата.

За било какви прашања поврзани со настанот, контактирајте не на емаил на [email protected] +3892 3 280 100.

Местата за учество на настанот се ограничени. Организаторите целат да постигнат еднаква географска застапеност на регионите при селекција на учесниците. Приоритет ќе имаат пријавените кои први ќе се пријават на повикот.

Comments are closed.