ВИДЕО: Шест истражувања на теми произлезени од минатогодишната дебатна анкета

По завршувањето на минатогодишната дебатна анкета Институтот за европска политика го започна проектот Активна граѓанска акција за демократија во кој што се продлабочуваат дискутираните теми.

Во рамките на овој проект се изработуваат шест истражувања,  со препораки кои се дискутираат со професори и претставници од граѓанските организации. Дискусиите се одржуваат со цел да придонесат кон проверување и на наодите и препораките со цел да се подготвт применливи препораки за унапредување на политиките по одредените области.

1. Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции?

2. Како до прочистено судство и независни судии?

3. Рамномерен регионален развој во Република Северна Македонија: Причини за нерамномерност и позитивни примери за развој

4. Рамномерниот регионален развој како спас за депопулација на Република Северна Македонија

5. Како да се зајакне улогата на синдикатите во заштитата на работничките права?

6. ЗДРУЖУВАЊЕ, ЗБУНЕТОСТ ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА: Улогата на синдикатите во заштитата на работниците

Comments are closed.