ЕПИ со нови истражувања ги продлабочува темите од минатогодишната дебатна анкета
Пред една година, Институтот за европска политика ја спроведе втората дебатна анкета во земјава во соработка со Универзитетот Стенфорд од САД. На оваа дебатна анкета граѓаните дискутираа за демократските институции и еднаквите можности за сите. Дебатната анкета е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа. Таа цели да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата. Дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните и пред и по детално запознавање со темата.
Резимето со резултатите од дебатната анкета може да го погледнете тука
Инфографикот со резултатите од дебатната анкета може да го погледнете тука
По завршувањето на дебатната анкета, ЕПИ ги анализираше фокус групите, односно дискусиите на граѓаните кои учествуваа во анкетата со цел подобро да ги анализира темите кои предизвикаа најголемо влијание. Како резултат на тоа произлезе проектот „Активна граѓанска акција за демократија“. Целта на овој проект е да ги зајакне и унапреди националните реформски процеси преку активно учество на граѓанките и граѓаните.
Повеќе за проектот може да прочитате тука
Во рамките на овој проект се изработуваат шест истражувања, на теми кои произлегоа од минатогодишната дебатна анкета, со препораки кои ќе се дискутираат со професори и претставници од граѓанските организации. Дискусиите ќе се одржат со цел да придонесат кон проверување и на наодите и препораките со цел да се подготвт применливи препораки за унапредување на политиките по одредените области.Истражувачите работат на темите:
- Како до рамномерен регионален развој
- Како до „прочистено“ судство и независни судии?
- Како да се поттикне Собранието да врши зголемен надзор врз борбата против корупцијата во јавните институции?
- Како да се зајакне улогата на синдикатите во заштита на работничките права?