ВИДЕО: Шест истражувања на теми произлезени од минатогодишната дебатна анкета
По завршувањето на минатогодишната дебатна анкета Институтот за европска политика го започна проектот Активна граѓанска акција за демократија во кој што се продлабочуваат дискутираните теми.
Во рамките на овој проект се изработуваат шест истражувања, со препораки кои се дискутираат со професори и претставници од граѓанските организации. Дискусиите се одржуваат со цел да придонесат кон проверување и на наодите и препораките со цел да се подготвт применливи препораки за унапредување на политиките по одредените области.