Објавен „Доброволниот национален преглед“ во рамки на Целите за одржлив развој, каде што свој придонес даде и ЕПИ

Владата го подготви и објави Доброволниот национален преглед/Voluntary National Review за имплементација на Агендата 2030, во рамки на Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации, каде што и ЕПИ даде свој придонес.

Овој Преглед го следи напредокот на земјата во спроведувањето на Агендата 2030, на локално, национално и меѓународно ниво. Од создавањето на овој механизам во 2016, ова е првпат Македонија да дава свој извештај, кој подразбира и поддршка од страна на граѓанските организации.

ЕПИ е меѓу организациите кои што дадоа свој придонес, со посебен фокус на Целите за одржлив развој 8 „Пристојна работа и економски раст“ и Целите за одржлив развој 16 „Мир, правда и силни институции“. Како дел од цитираните предложени решенија на ЕПИ се потенцира регионалниот проект WeBER, кој ги оспособи граѓанските организации да се вклучат во реформите во јавната администрација и да дејствуваат како доверливи соговорници на владите со свој конструктивен придонес во процесите на креирање политики и услуги. Помеѓу останатите предложени решенија е и стимулации за компаниите да се обврзат дека ќе придонесат кон кон Целите за одржлив развој, надзор и усогласување на усвоените јавни политики со Агендата 2030, отворена платформа за податоци заради подобрување на транспарентноста и отчетноста, како и воспоставување на советодавен одбор за млади или механизам за младинско учество во релевантните политики на институционално ниво.

Доброволниот национален беше презентиран пред телата на Обединетите Нации, а од 14 до 16 јули се одржа министерски состанок. Овој политички форум од висок профил е основата на платформата на Обединетите Нации за следење и преглед на Агендата 2030.

На овој форум, кој го водеше претседателката на ECOSOC, Н.Е. Мона Џул, беше извршена презентација на првиот „Доброволен национален преглед“ на Република Северна Македонија, a по обраќањата на официјалната делегација кусо обраќање имаше и резидентната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Вицепремиерката Царовска истакна дека е горда што за Република Сееврна Македонија за првпат во својата историја го доставува „Доброволниот национален преглед“ до Организацијата на Обединетите Нации.

Доброволниот национален преглед за Северна Македонија може да го погледнете на линкот подолу.

Comments are closed.