ВИДЕО: Национална демократска анкета
Во мај и јуни оваа година, Институтот за европска политика – ЕПИ, по втор пат во земјава спроведе дебатна анкета во соработка со Универзитетот Стенфорд од САД. Дебатната анкета е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа. Таа цели да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата. Дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните и пред и по детално запознавање со темата.
Запознајте се подобро со концептот и погледнете ги резултатите од дебатната анкета на следново видео: