Дебатна анкета: Потребите за демократизација итни
Во мај и јуни оваа година, Институтот за европска политика – ЕПИ, по втор пат во земјава спроведе дебатна анкета во соработка со Универзитетот Стенфорд од САД. Дебатната анкета е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа.
Пред одржување на дебатниот настан, беше спроведена основна анкета на репрезентативен примерок 1200 испитаници од целата држава во периодот од 15 до 31 мај 2019 година. На дебатниот настан, кој се одржа на 22 и 23 јуни во хотел Континентал во Скопје учестуваа 130 од тие испитаници. Тие поделени во 11 групи меѓусебно се информираа и подучуваа за демократскиот развој на земјата, фокусирајќи се на демократските институции и еднаквост за сите. Потоа, секоја од групите поставуваа прашања на панел од експерти и политичари од целиот спектар, со цел да изградат информирани и непристрасни ставови. Панел дискусиите од двата дена беа телевизиски покриени од ТВ Сител и ТВ21.
Инфографикот со резултатите од дебатната анкета може да го погледнете тука
Проектот „Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија“ беше спроведуван од ЕПИ со поддршка од National Endowment for Democracy.