ЕПИ добитник на институционален грант од програмата на Цивика Мобилитас
Цивика Мобилитас ги промовираше новите акциски и институционални грантисти. Амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи сертификатите на грантистите.
Таа им порача дека тие се сржта на програмата бидејќи се главните актери кои ја креираат и придонесуваат за промените во општеството.
Институтот за европска политика (ЕПИ) е една од 15те организации кои добија институционален грант.
Овој грант ќе помогне кон развивањето на ЕПИ како организација и кон унапредување на поврзаноста на ЕПИ со своите конституенти, кон унапредување на соработката со останатите граѓански организации, кон унапредување на учеството и вклученоста на ГО во соработка со експертската јавност и професионалните здруженија во процесот на пристапување во ЕУ и владеење на правото, како и кон унапредување на мониторингот на и застапувањето за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, воедно и преку родова перспектива.