Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија

Проектот “Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија“ поддржан од National Endowment for Democracy, има цел да овозможи национален форум за размена на идеи, преку директно вклучување на граѓаните и нивно учество во процесот на јавна дебата и придонес кон креирање јавни политики. Форумот обезбедува изворни сознанија за ставовите на општата и експертската јавност и промената на нивните ставови преку дебатна анкета за потребните механизми за ефективна демократска транзиција во Република Северна Македонија.

Оваа иновативна метода се изведува по втор пат во соработка со Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд во САД. Проектот се спроведува на централно ниво, вклучувајќи ги осумте плански региони во Република Северна Македонија. Форумот ќе понуди иновативна дебата за подобро разбирање на реформите во правосудството, работата на Собранието, реформите во јавната администрација, социјалната заштита и законите за заштита од дискриминација и јазиците. Со ова очекуваме да се зголеми соработката помеѓу граѓанските организации и надлежните институции во делот на создавање на јавните политики, притоа имајќи ги предвид проблемите и приоритетите на граѓаните.

Проектот е замислен како форум за размена на идеи, притоа оспособувајќи ги конституентите кои се директно вклучени во него за нивно осмислено учество во процесот на јавна дебата. На ниво на резултати, акцијата обезбедува да се добијат сознанија за ставовите на експертската и општата јавност и нивната промена преку дебатна анкета за потребните механизми за ефективна демократска транзиција во Република Северна Македонија.

Во склоп на овој проект беше изработена анкета на репрезентативен примерок на територија на целата земја, а околу 150 од нив ќе учестуваат на завршната дебатна анкета, каде што граѓаните ќе имаат можност да постават прашања на релевантни чинители од земјава.

Дебатната анкета ќе се одржи на 22 и 23 јуни во Скопје.

Резултатите од дебатната анкета ќе бидат јавно достапни и презентирани на разбирлив начин преку традиционални, електронски и социјални медиуми. Оваа иновативна метода е поддржана од Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд.

Comments are closed.