„Раст на нееднаквоста и вознемирувањето со губењето на сила на заштитата на фундаменталните права“ заклучува Извештајот на фундаментални права за 2019 за ФРА
Овогодинешниот Извештај за фундаменталните права се одразува на развојот и недостатоците на заштитата на човековите права во ЕУ во текот на изминатата година. Многу луѓе во ЕУ ризикуваат да заостанат, бидејќи растечката нетолеранција и нападите врз основните права на луѓето продолжуваат да го нарушуваат значителниот напредок постигнат до денес. Како национален истражувачки партнер за Агенцијата за фундаментални права и дел од ФРАНЕТ, Институтот за европска политика – Скопје ве кани да го прочитате годишниот извештај на ФРА.
„Алармите за фундаменталните права одѕвонуваат низ цела ЕУ со растот на нееднаквостите, вознемирувањето и предрасудите. Потребни ни се цврсти одговори за тоа како сите имаме бенефит од правата и да се понудат одговори на нееднаквостите кои не држат назад од фер и праведно општество каде што секој може да напредува“ вели директорот на ФРА, Michael O’Flaherty.
Ратификацијата на Конвенција за правата на лицата со попреченост на ОН од сите земји членки на ЕУ и привремениот договор на ЕУ за предложениот Европски акт за пристапност беше важна пресвртница. Глобално, Агендата 2030 и нејзините 17 цели за одржлив развој даваат план за подобар свет на еднваквост, правда и мир. Но, за да успеат, човековите права треба да бидат вградени во нив, како што е наведено во извештајот.
Останати клучни проблеми кои што извештајот ги идентификува се:
- Расната дискриминација и вознемирувањето остануваат вообичаени низ Европската Унија. Признавајќи го ова, институциите на ЕУ усвоија мерки за борба против антисемитизмот и за борба против расизмот кон Афро-Европејците. Луѓето продолжуваат да се соочуваат со вознемирување, дискриминација, вградени предрасуди и дискриминаторско етничко профилирање поради нивната боја на кожа, религиозни чувства или етничка припадност низ целата ЕУ, открива истражувањето на ФРА. На пример, 1 во 5 црнци и речиси 3 во 10 Евреи биле вознемирувани. Сите земји-членки на ЕУ треба да развијат национални акциски планови за борба против расисмот и расната дискриминација. Тие исто така треба да заземат поцврста позиција против криминал од омраза и говор на омраза преку ефективно снимање, истражување, гонење и судење на наводните инциденти.
- Интеграцијата на бегалците напредува и покрај разните пречки. Сепак, речиси 4 од 10 Европјани миграцијата ја сметаат за проблематична и речиси половна ја преценуваат големината на нередовната миграција. Исто така, постојат наоди дека продолжува враќањето назад, понекогаш насилно, на мигранти, вклучувајќи и деца, низ надворешните граници на ЕУ, како и дека се уште постои малтретирање од полицијата. Таквите активности ја нагласуваат итната потреба за земјите-членки да ја спречат оваа злоупотреба и да обезбедат постапките за азил и враќање да го почитуваат законот на ЕУ за азил и човековите права на луѓето.
- Ситуацијата со детската сиромаштија во ЕУ е подобрена, но се уште 1 во 4 деца се под ризик од сиромаштија. Ова значи дека во еден од најбогатите региони во светот, постојат деца кои што си легнуваат гладни и кои живеат во сиромашни услови, додека нивното здравје и едукација страдаат. За децата со родители странци, оваа бројка е 4 во 10. Децата од етничките малцинства продолжуваат да бидат маргинализирани. На пример, 15% од децата Роми се соочуваат со сегрегирано образование. ЕУ и нејзините земји-членки треба да одделат средства за мерки за намалување на детската сиромаштија. Тие исто така треба да ги засилат напорите за адресирање на дискриминацијата на децата од малцинствата и да ја засилат социјалната инклузија и нивната интеграција.
Извештајот ги сумира и анализира главните настани во врска со човековите права во ЕУ во текот на 2018 година. Таа содржи предлози за акција за почитување на Повелбата за фундаментални права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите-членки; еднаквост и недискриминација; расизам; ксенофобија и слична нетолеранција; интеграција на Ромите; азил, граници и миграција; информатичко општество, приватност и заштита на податоци; детски права; пристап до правда; и имплементација на Конвенција за правата на лицата со попреченост на ОН.