Препораката неспорна, датумот неизвесен
Духот на Преспанскиот договор провејува низ целиот пакет за проширување. Од една стана ова претставува признание за тешките политички одлуки и јасната определеност на нашата земја за ЕУ, додека од друга страна, овој договор претставува можност да се оживее и така кревката политика за условеност преку одржување на позитивниот моментум што го креира регионално, но и пошироко. Уште повеќе, оваа година е тест за ЕУ, за незината Стратегија за Запен Балкан и за нејзината кредибилност која во голема мера зависи во испорачување на строга, но праведна политика и принциот на мерит на земјите во нивните достигнувања и пред се започнување на преговорите со нашата земја.
Имајќи ги предвид изјавите на комесарот Хан досега, извештајот не е изненадување, бидејќи ги признава клучните постигнувања во надворешната политика во однос на решавањето на билатералните спорови и клучните реформски приоритети. Оваа година извештајот покрај тоа што е патоказ за внатрешните реформи, примарно има за цел да ги убеди земјите членки дека нашата држава треба веднаш да ги започне преговорите. Секој обид да не се испорача ветувањето на ЕУ оди во прилог на слабеење на стабилноста и обесхрабрува преземање на сериозни реформи.
По една декада на препораки за отпочнување на преговорите, овогодинешната сепак е поразлична, „почиста“, „кристално јасна“, без дополнителни услови, нема препреки и има многу позитивен дух. Ова година, нашата земја се наведува како пример за позитивни чекори и напредок низ клучните критериуми за членство. Сепак ова не значи дека нашите обврски се исполнети, туку не става и на потешка патека за оджување на позитивниот имиџ преку испорачување на поодржливи рефоми на клучни прашања, пресликани во пристапот “fundamentals first” и 6те иницијативи на Стратегијата за ЗБ.
Иако напредок е истакнат во воспоставувањето на спрегите и кочниците на трите гранки на власт, консолидирање на демократијата, воспоставувањето на независноста на судството, формирањето на Антикорупциската комисија, фер претседателски избори, сепак потребна е примена на засилен пристап во делот на судството и темелните права, правдата, слободата и безбедноста во земјата. Во овој процес и покрај разбирливо целиот фокус на политичките одлуки и чекори, не треба да се занемари преземањето на обврските за членство и особено усогласеноста со acquis во која нема значително поместување во однос на претхдната година. Потребно е преземање на итни мерки за зајакнување на капацитетите за усогласувaње со acquis, паралелено – административните и политичките.
Препораката на ЕУ за Северна Македонија е убедлива. Сега големото прашање не е „што“ туку „кога“ можеме да очекуваме. Според заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2019 година, одлуката за датумот за Меѓувладината конференција со која треба да отопочнат преговорите треба да се донесе овој јуни, и тој датум да биде до крајот на оваа година. Советот на ЕУ треба да ја задолжи Комисијата да подготви преговарачка рамка.
Рокот до крајот на годинава за меѓувладина конференција засега не се доведува во прашање, но се доведува во прашање овој јуни како рок за одлучување за конкретниот датум на Конференцијата. Државите членки сега немаат повеќе изговори за недостатоци на македонска страна – Извештајот на Комисијата тоа го оневозможува.
Од друга страна, загрижува ниската свесност на државите членки на ЕУ во случај на нивно неисполнување на преземените обврски кон Северна Македонија за можните последици во регионот, па и пошироко. Веројатните последици за Северна Македонија се ниска мотивација за реформи, потхранување на климата на политички поделби, па дури и можна политичка криза.
Поради сите ризици, Владата треба да ги продолжи веќе добро насочените дипломатски напори и да продолжи со реформите, но во рамките на јасно поставена стратегија со јасно вградени национални приоритети.