Економски придобивки и предизвици од членството во НАТО [истражување]

Јан 08, 2019

epiadmin

Новости

0

Истражувањето „Економски придобивки и предизвици од членството во НАТО“, изработено од м-р Ивана Велковска, е насочено кон утврдување на економските ефекти од пристапувањето во НАТО. За таа цел, изработена е компаративна анализа на Албанија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија и Македонија, за утврдување на буџетските импликации, ефектот врз БДП и странските директни инвестиции (СДИ), како и индикатори кои се однесуваат на доброто владеење.

Според анализите на индикаторите од Светската банка и постојната економска литература, доброто владеење се зголемува во истражуваните земји-членки и тоа позитивно влијае врз економијата. Во однос на БДП се забележува просечно зголемување за 90% во периодот од пет години по влезот во НАТО, споредено со периодот од пет години пред влезот во НАТО за анализираните земји и просечно зголемување на СДИ за дури 292%. Меѓутоа, не може да се тврди дека овие позитивни промени се директна последица на влезот во НАТО, бидејќи истовремено земјите поминуваат и низ интегративните процеси во Европската Унија и други засилени процеси на структурни реформи. Сепак, постоењето корелација помеѓу овие позитивни промени и членството во НАТО се охрабрувачки за една потенцијална земја-членка како Македонија.

Ова истражување е објавено во рамките на проектот Граѓанска дебата за НАТО, кој го спроведува Институтот за европска политика – Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за одбрана на Република Македонија. Ставовите изнесени во истражувањето се ставови на авторот и не ги одразуваат ставовите на Институтот за европска политика – Скопје и Министерството за одбрана на Република Македонија.

 

 

Post by epiadmin

Comments are closed.