Реакција на Мрежа 23 за предлог-моделот за вклучување на ГО во преговорите со ЕУ
Мрежа 23 достави коментари на предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во ЕУ.
Тековниот модел на учество на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија се предлага без да биде познат концептот за институционалната структура на преговорите, како и целосната национална постапка за преговорите. Таквиот пристап оневозможува да се согледа и осмисли улогата на граѓанскиот сектор во целиот процес, поради што постои голем ризик да се занемарат многу аспекти на преговорите.
Коментарите се достапни на линкот: Коментари на Мрежата 23 на предлог-моделот за вклучување на ГО во преговорите со ЕУ.
Дополнително, ЕПИ како дел од мрежата „Мисли за европа“ (Think for Europe Network) работеше на документ за Потребите за координација и институционална рамка за процесот на преговори и пристапување во ЕУ (АНГ). Сметаме дека овој документ може да даде значаен придонес во создавањето на моделот за вклученост на ГО во преговорите, бидејќи во него е посебно анализирана рамката за вклучување на граѓанското општество, а даден е и преглед на случајот на вклучување на ГО во Црна Гора.