Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), го спроведува проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, .

Главна цел на проектот е придонес за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи..

Специфични цели:

1. Обезбедување структуриран мониторинг и сеопфатен придонес од страна на граѓанското општество во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор;

2. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудниот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики на ЕУ;

3. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики.

Очекувани резултати:

Р1: Граѓанското општество работи заедно со јавните институции во следењето и имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Р2: Унапредено знаење и екпертиза на граѓанските организации и институциите во областа на правосудниот сектор за најдобрите регионални и ЕУ практики поврзани со правосудниот сектор, како и зајакнување на нивните капацитети за активно учество во развојот на реформите, спроведувањето, следењето и / или евалуацијата;

Р3: Подобрено застапување на јавните политики од страна на граѓанските организации и институциите во областа на правосудниот сектор пред носителите на одлуки и граѓаните.

 

Времетраење на проектот: 21.12.2018 – 20.06.2021

Буџет: 219.804,18   EUR

Донатор: Сектор за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии – Инструмент за пред-пристапна помош (ИПА II) 2014

Post by epiadmin

Comments are closed.