ЕПИ избран за истражувачки партнер на Агенцијата за темелни права на Европската Унија

Дек 06, 2018

epiadmin

Новости

0

Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето.

Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од оваа година се прошири и во Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права.

Post by epiadmin

Comments are closed.