Презентиран нацртот на Националниот извештај од следењето на РЈА

Ное 27, 2018

epiadmin

Новости

0

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) на 27 ноември ја одржа завршната конференција на ВеБЕР – Проект за создавање овозможувачка околина во земјите од Западниот Балкан за следење на реформите на јавната администрација од страна на граѓанско општество.

На конференцијата се презентираа наодите од следењето на реформата на јавната администрација, со фокус на граѓанското општество и неговата улога во следењето и поддршката на реформите во јавната администрација во Република Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. На конференцијата во дијалог учествуваа чинители од институциите, граѓанските организации и независни експерти, со цел создавање на подобра администрација. Конференцијата служеше и за претставување и дискутирање на првиот Национален извештај од следењето на РЈА.

Конференцијата беше поделена на два панели.

Дискусија за приоритетните области на јавната администрација: Стратешка рамка; Јавна служба и управување со човечки ресурси; Управување со јавни финансии

На првиот панел на настанот, дискутираа Малинка Ристевска Јорданова од ЕПИ и истражувачката во рамките на ВеБЕР проектот Александра Ивановска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вон. професор Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и Неда Малеска од Центарот за управување со промени.

Дискусија за приоритетните области на јавната администрација: Креирање на политики и координација;Одговорност, отчетност и транспарентностДавање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата

На вториот панел, активно учество земаа Ангел Мојсовски, истражувач од ЕПИ во рамките на ВеБЕР проектот, Кристина Димовска од Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Николовод Асоцијација ЗЕНИТ, како и Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

Настанот го модерираше новинарот Васко Попетревски.

Националниот извештај од следењето на реформата на јавната администрација ќе биде достапен на веб страната на ЕПИ по неговото завршување.

За проектот

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во партнерство со Центарот за европска политика (CEP) – Србија, од 1 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот за создавање овозможувачка околина во земјите од Западниот Балкан за следење на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество. Соработници на проектот се: Центарот за европска политика (Белгија), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Групата за правни и политички студии (Косово), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Институтот за демократија и медијација (Албанија). Проектот е финансиран од страна на ЕУ, ко-финансиран од Кралството Холандија, а има за цел да ја зголеми важноста, учеството и капацитетот на граѓанските организации и медиумите во Западниот Балкан со цел тие да се залагаат и влијаат врз создавањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација (РЈА). Проектот ВеБЕР беше признаен како пример за најуспешна практика во регионот на неодамнешната Евалуација на регионалната програма на ЕУ за граѓански општества.

Post by epiadmin

Comments are closed.