ЕПИ одржа методолошка работилница

Сеп 28, 2016

epiadmin

Настани

0

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 28 септември 2016 година, во хотелот „Белви“ – Скопје, организираше работилница на која присуствуваа експертите кои се вкучени во проектот Следење на владеењето за раст во областа на правдата од Стратегијата за ЈИЕ 2020 (JuDGMeNT). Работилницата беше одржана со цел да се усогласи методологијата за следење на приоритетите од областа Правда:

  • Подобрување на ефикасноста и компетентноста: преглед на квалитетот, ефикасноста и компетентноста на судиите и судовите;
  • Подобрување на судската соработка во слободен пристап до информации, спроведување прекугранично извршување и прекугранична постапка во стечај, преземања и  спојувања;
  • Алтернативно решавање на спорови.

При тоа, учесниците дискутираа за подготовката на иницијалниот извештај, мониторинг брифовите, мониторинг извештаите за секоја од областите и завршниот документ за јавна политика.

Проектот Следење на владеењето за раст во областа на правдата од Стратегијата за ЈИЕ 2020 (JuDGMeNT) е финансиран од Регионалниот совет за соработка.

Post by epiadmin

Comments are closed.