Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Подобрување на капацитетите и потенцијалот на граѓанските организации на Вишеград и Западниот Балкан

Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Подобрување на капацитетите и потенцијалот на граѓанските организации на Вишеград и Западниот Балкан

Создавањето на политиките во Западниот Балкан најчесто се одвива преку несистематски процес, прескокнувајќи ги граѓанските организации (ГО). Од друга страна, земјите од Вишеградската група (В4) имаат понапредни системи за создавање на јавни политики кои ги вклучуваат и граѓанските организации, а и самите ГО имаат поголем капацитет за придонес. Сепак, одржливо но и ефективно учество на ГО во создавањето на политиките основани на докази се уште претставува предизвик за двата региона.

Проектот се осврнува на недостатоците во системите за создавање на политики, преку подобрување на капацитетите на ГО во Западниот Балкан, со што ќе можат да имаат активен придонес. Воедно, проектот има за цел да овозможи ефикасна правна рамка за функционирање на ГО, имајќи го предвид искуството на организациите од В4 групата.

Како?

Капацитетите и потенцијалот за застапување на јавни политики ќе бидат подобрени со размена на знаења и искуства во Вишеградската група и Западниот Балкан, преку конзорциум од 10 партнери. Стекнатото знаење ќе биде споделено со 180 ГО од Западниот Балкан. Воедно, со вклучување на јавните службеници од релевантните институции од Западниот Блакан, тие ќе имаат свој удел во овој проект, притоа зголемувајќи ја и нивната одговорност за подобрување на системот за создавање на јавни политики.

Кој?

Мисли за Европа (TEN) мрежата:

European Policy Centre, Serbia
Group for Legal and Political Studies, Kosovo
Foreign Policy Initiative BH (FPI BH), Bosnia and Herzegovina
Institute for Democracy and Mediation, Albania
European Policy Institute (EPI) ­Skopje, Macedonia
Institute Alternative, Montenegro

Партнери од Вишеградската група:

EUROPEUM – Institute for European Policy, Czech Republic
Central European University, Hungary
Slovak Governance Institute, Slovakia
Fundacja IDEA Rozwoju, Poland

Целни јавности

Целните јавности се граѓанските организации, јавните службеници, националните влади и Европската комисија, а проектот ќе трае од март 2017 до февруари 2018.

Проектот е остварен со поддршка на Меѓународниот вишеградски фонд.

Post by epiadmin

Comments are closed.