Заедничка акција за човекови права

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:

Да се унапредат промоцијата и заштитата на човековите права во Северна Македонија преку поддршка на парламентарниот ангажман и на граѓанските организации во областа.

 

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ:

  1. Обезбедување на структуриран мониторинг и придонес за заложбите за човекови права од страна на Собранието и на граѓанските организации;
  2. Зголемување и градење на професионалните капацитети на главните тела на Собранието и клучните граѓански организации што се занимаваат со различни човекови права, заеднички во консултации со клучните извршни институции;
  3. Подигнување на свеста кај креаторите на јавните политики, Собранието, граѓанските организации и граѓаните во целост за важноста на заштитата на човековите права во согласност со националните, европските и меѓународните обврски.

 

РЕЗУЛТАТИ И АКТИВНОСТИ:

 

– Аналитички извештаи за релевантни теми за човекови права;

– Шема за регрантирање на национални и на локални граѓански организации;

– Придонес и препораки за Универзалниот периодичен преглед 2024;

– Градење капацитети за граѓански организации, вработени во Собранието и пратеници;

– Две надзорни дискусии во Собранието за човекови права;

– Меѓународна конференција за улогата на парламентите во промоцијата на човековите права.

ДОНАТОР: Европска Унија

 

Буџет: 220.418,00 евра

 

ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.02.2023 – 31.07.2025

 

КОНТАКТ:

Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје

тел: +389 2 328 01 00; е-пошта: [email protected]; www.epi.org.mk

Comments are closed.