[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка

Институтот за европска политика има потреба од ангажман на волонтер/ка за потребите на организацијата. Избраното лице ќе помага во комуникациите на организацијата, како и во прибирање податоци потребни за истражувањата кои ги спроведува ЕПИ.

Времетраењето на ангажманот е предвидено да трае 3 месеци, со можност за продолжување.

Компензацијата се врши согласно Законот за волонтерство.

Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:

  • Солидно познавање на Microsoft Office;
  • Напредно познавање на албански јазик
  • Солидно познавање на англискиот јазик;
  • Завршна фаза на додипломски или започнати постдипломски студии по право, меѓународно право, политички науки или студии по новинарство.
  • Способност за работа и функционирање во тим.

ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.

Преку овој ангажман волонтерот/волонтерката ќе ги надгради своите познавања на меѓународното право и правото на ЕУ, како и преговарачкиот процес со Европската Унија.

Аплицирајте со испраќање на резиме (на македонски или англиски јазик) и пропратно писмо (на македонски јазик) на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе „ЕПИ_оглас_за_волонтер_(Име и презиме)“.

Пријавувањето е отворено до 15.11.2022 година.

Comments are closed.