[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка
Институтот за европска политика има потреба од ангажман на волонтер/ка за потребите на организацијата. Избраното лице ќе помага во комуникациите на организацијата, како и во прибирање податоци потребни за истражувањата кои ги спроведува ЕПИ.
Времетраењето на ангажманот е предвидено да трае 3 месеци, со можност за продолжување.
Компензацијата се врши согласно Законот за волонтерство.
Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:
- Солидно познавање на Microsoft Office;
- Напредно познавање на албански јазик
- Солидно познавање на англискиот јазик;
- Завршна фаза на додипломски или започнати постдипломски студии по право, меѓународно право, политички науки или студии по новинарство.
- Способност за работа и функционирање во тим.
ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.
Преку овој ангажман волонтерот/волонтерката ќе ги надгради своите познавања на меѓународното право и правото на ЕУ, како и преговарачкиот процес со Европската Унија.
Аплицирајте со испраќање на резиме (на македонски или англиски јазик) и пропратно писмо (на македонски јазик) на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе „ЕПИ_оглас_за_волонтер_(Име и презиме)“.
Пријавувањето е отворено до 15.11.2022 година.