Социјалните медиуми овозможија слободно изразување, но отворија и простор за ширење на омраза и дезинформации
Социјалните медиуми експоненцијално ги зголемија можностите за слободно изразување, но исто така креиграа и нови предизвици. Тие овозможија полесна комуникација на локално и глобално ниво, ги поврзаа корисниците и им овозможија да ги промовираат и да ги остваруваат заедничките цели. Од друга страна, социјалните медиуми отворија простор за ширење на говорот на омраза и дезинформации. Креирање и спроведување на соодветни политики кои ќе одговорат на овие предизвици прерасна во тема од транснационално значење.
Овие беа дел темите за кои се дискутираше на настанот „Слободата на изразување на интернет – заеднички предизвик за ЕУ и Северна Македонија„ кој се одржа на 10 декември преку платформата ЗУМ и во Europe House, а беше организиран од страна на Институтот за европска политика – Скопје. Со овој настан, ЕПИ го одбележа и Меѓународниот ден на човековите права.
На панел дисксуијата говореа Александар Меламед – Делегација на Европската Унија во Северна Македонија, Младен Чадиковски – Здружение на Новинари на Макаедонија, Мелика Хирмо Центар за учество и информациски ресурси САЛТО од Естонија и Елида Зулбеари – Фондација Метаморфозис, како и студентите Дарко Беровски и Јехона Палоши. Дискусијата беше модерирана од страна на проектнатна асистентка во ЕПИ, Ардита Вејсели.
Студентите Дарко Беровски и Јехона Палоши ги презентираа негативните и позитивните страни на интернетот, како заклучоци од онлајн дискусиите со млади од 18 до 24 години, кои ЕПИ ги организираше и одржа на 3 декември 2020 година.
Беровски, ги презентираше позитивните страни на интернетот, како што се пристапноста до голем број на информации кои порано луѓето не ги знаеле; учење на нови јазици; полесна комуникација со други луѓе од целиот свет, нешто што би било невозможно без интернетот; им овозможува на малите бизниси да ја рекламираат нивната работа и може полесно да се доаѓа до информации од важни настани. Палоши, пак, ги презентираше негативните страни на интернетот како што се зависнотста од интернетот и негативното влијание врз менталното здравје; сспоредувањето на луѓето со другите кое влијае негативно врз нивната себеперцепција; злоупотреба на личните податоци на различни начини, ширење на говор на омраза, виртуелно насислтво и злоупотреба на слободата на изразување; ширење на политичка пропаганда; и намалена рестрикција на тоа што се објавува на интернет.
Александар Меламед од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија истакна дека во сите дебати во ЕУ за мерките кои треба да се превзмееат за адресирање на проблемите, се дебатирало за тоа како да не се наруши слободата на изразување преку овие мерки. Поттикот на ЕУ веќе се повеќе се осврнува на промовирање на саморегулација отколку на понатамошно законско регулирање. Тој истотака ги објасни и напорите и активностите кои ЕУ ги има преземено низ годините, како што се лансирање на Интернет форумот на ЕУ во 2015 година кoj обезбедува доброволна рамка за индустријата да соработува за бришење на терористички содржини; потпишување на Кодексот на однесување во 2016 со 4 најголеми компании (Фејсбук, Мајкрософот, Твитер и Јутјуб) кој се користи за бришење на незаконска содржина на интернет, која ги крши законите на ЕУ или земјите-членки; препораката на Европска Комисија во 2018 која имаше цел да им помогне на ИТ компаниите да развијат алатки со кои ќе се справат со предизвиците особено за слободата за изразување, и Акцискиот план на ЕУ против дезинфомарција, кој ја вклучува и платформата за систем за брзо предупредување.
„Кога станува збор за слободата на изразување, за да ја заштитиме како човеково право, потребен ни е сеопфатен пристап, треба сите и граѓанското општество и властите и деловните субјекти и ИТ индустријата да ја подигнеме свеста и да го направиме својот дел за да го заштитиме ова право, како универзално право.“
Младен Чадиковски, од Здружението на новинари на Македонија, истакна дека за да се подигне квалитетот на новинарството треба да се работи на механизми за саморегулација и на тој начин да се контролираат лажните вести на Интернет. Во нашата држава, онлајн медиумите не се регулирани со посебен закон, меѓутоа целата нивна работа која се однесува на информативниот наратив кој го произвдуваат е регулирана со други закони, како што се Законот за авторски права и други закони кои регулираат говор на омраза. Тој исто така ја презентираше и базата на интернет портали, Promedia.мк, што исполнуваат одредени стандарди и критериуми за начинот на кои тие известуваат и работат. Базата претставува регистар на онлајн медиуми со над 130 професионални онлајн медиуми, кои исполнуваат етички, но и други критериуми.
„Доколку законите правилно се применуваат нема да имаме никаков проблем да функционираме со оваа дополнителна саморегулација која ја промовираме.“
Елида Зулбеари, од Фондација Метаморфозис потенцираше некои од проектите што оваа организација ги реализира во насока на намалување на лажните вести, зголемување на медиумско образование и критичко размислување на граѓаните, како што се CriThink и Вистиномер и истакна дека оваа „војна“ продолжува и до денес бидејќи според неа, лажни вести и говорот на омраза се закана за човековите права. Особено во кризни времиња како што е кризата со коронавирусот, лажните вести што немаат кредибилни извори и се напишани од сомнителни автори кои не се водат според новинарски етички кодекс, се опасни за општеството. Таа истотака ја објасни и методологијата која се користи за верификација на обајвите и вестите. Таканаречените fact checkers, детално ги прегледуваат од логичноста на текстот, авторот, дали и кои извори се користени до користените слики.
„Новинарите треба да се придржуваат до новинарските принципи, бидејќи без тие принципи не може да се биде добар новинар. Треба да ги верификуваат фактите, и да ја потенцираме лошата работа на институциите, бидејќи нашето оружје како новинари, но и на граѓаните е да бидеме гласни за нашите права„
Мелика Хирмо, од Центарот за учество и информациски ресурси САЛТО од Естонија истакна дека неформалното образование и активизмот се во паралела со слободата на медиумите, слободата на изразување и образование. Клучот е рамнотежа и комбинација на алатки – разбирање на реалноста и сосотојбата на земјата, бидејќи ако една мерка или закон или регулатива функсионирала во една земја не значи дека истата ќе профункционира во друга земја без да се знае проблематиката и соодветниот одговор. Во европски контекст, се покажало дека формалното и неформалното образование играат голема улога, но треба да се обврнува внимание истотака и на самите едукатори или наставници, а не само на граѓаните и младите. Едукаторите и наставниците треба да се едуцираат и да се надоградуваат на тоа кои се новите проблемите, кои се новите платформи и тие треба да ги познаваат доволно добри проблематиките за соодветно да придонесат за поголема медиумска писменост.
„Главното прашање е како да се регулира, што да се регулира и зошто да се регулира. Бидејќи кога сакаме да промовираме содржина која е потврдена и непрстрасна, Фејсбук ја отфрла оваа сорджина, а истовремено дозволува ширење на дезинформаци. Претставува предизвик кога земјите или социјалните медиуми почнуваат да „забрануваат“ содржина која е балансирана и не промовира говор на омраза.Тие едноставно користат клучни зборови, ги автоматизираат а ова може да креира повеќе проблеми отколку што решава“
Панелистите се осврнаа и на слободата на изразување како човеково право. Се истакна дека медиумската и информативната писменост се важни во демократско општество, но тие не претставуват само знаење, туку и активно учество, креирање на содржина со која ќе направи некоја важна измена во општеството, а тука играат клучен дел и младите кои преку тие вештини, преку реализирање на нивното право и нивното активно учество во граѓанското општество можат да придонесат во развојот на демократијата. Истотака, треба да се внимава на тоа колку државите и владите ја регулираат оваа сфера, за да не дојде до дополнително и непотребно ограничување на ова право, особено кај новинарите, или злоупотреба која ќе доведе до ограничување на нечие друго право.
Настанот беше организиран како дел од проектот „Градиме иднина заедно: ЕУ и Западен Балкан од перспективата на младите“, спроведен од 6 тинк – тенк организации од Западен Балкан (Think for Europe Network – TEN), заедно со Институтот за меѓународни работи од Италија, Фондацијата Бронислав Геремек од Полска и Центарот за европски политики (CEP) од Белгија. Проектот е финансиран од Европската комисија, преку програмата Европа за граѓаните.