[ЗАВРШЕН] Повик за волонтери
Институтот за европска политика – ЕПИ и Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласуваат 20 волонтерски позиции во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ финансиран од Европската Унија. Позициите се предвидени во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
кратка биографија (на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации, и
мотивациско писмо.
Документите треба да се достават на [email protected] или [email protected]не подоцна од 3 октомври 2019 година (четврток). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат Волонтер-Партнерство Јустиција и името на градот во кој сакаат да волонтираат (Скопје, Битола, Гостивар или Штип). Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.
Што добиваат волонтерите?
Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации и институции, спроведување истражувања и анкети. Ќе биде одржана и еднодневна обука за спроведување на анкета за задоволство на корисниците на судовите и вработените во нив.
Секој од волонтерите ќе има активности во просек по 20 часа неделно, во период од 1 месец во периодот октомври-ноември 2019 г., со можност со обострана согласност да се продолжи за уште еден месец во 2020 година. За покривање на трошоците за храна и превоз, волонтерот ќе добива месечен надомест во износ од 4.620 денари.
Задачи на волонтерите
Главни волонтерски задачи:
спроведување на анкета на корисници и вработени во судови (зависно каде се пријавил, во Скопје, Битола, Гостивар или Штип);
внесување на податоците од истражувањето во база на податоци;
комуникација со институции и организации, вклучително и присуство на состаноци и средби со организации/институции;
известување на супервизорот/проектниот тим за напредокот во работата;
други тековни активности.
Услови за пријавување и критериуми за избор
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
студенти во последна година на додипломски студии, студенти на постдипломски студии или дипломци/магистри од областа на општествените науки (политички науки, право, социологија) или тековни односно поранешни практиканти во судовите;
солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации за обработка на текст и бројки);
за кандидатите кои се јавуваат за Гостивар дополнителен услов е познавањето на албански јазик.
Евалуацијата и изборот на кандидатите ќе се заснова на следниве критериуми: степенот на образование (максимум 1 бод), нивото на компјутерска писменост (максимум 1 бод), релевантното професионалното искуство (максимум 4,5 бодови), комуникациските вештини (максимум 1 бод), мотивираноста (максимум 1 бод), познавањето на албански јазик (задолжително е за кандидатите кои се јавуваат за Гостивар; за кандидатите кои се јавуваат за Скопје носи дополнителен бод).
За проектот
Проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ (број на договор за грант: 12-6206/1), финансиран од Европската унија, има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Проектот е спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.