[ЗАВРШЕН] Повик за супервизори на анкетари

Институтот за европска политика – ЕПИ и Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ огласуваат 4 позиции за супервизори на анкетари во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ финансиран од Европската Унија. Позициите се предвидени во Скопје, Битола, Гостивар и Штип и ќе се базираат на договор за вршење услуги во текот на 1 месец во 2019 г. и 1 месец во 2020 г.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават:

кратка биографија (на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации, и мотивациско писмо

Документите треба да се достават на zenith@zenith.org.mk или contact@epi.org.mkне подоцна од 3 октомври 2019 година (четврток). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат Супервизор-Партнерство Јустиција и името на градот каде сакаат да се ангажирани (Скопје, Битола, Гостивар или Штип). Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Што добиваат супервизорите?

Со супервизорите ќе биде склучен договор за вршење услуги во текот на 1 месец во 2019 г. и 1 месец во 2020 г. (под услов совесно и квалитетно да ги исполнувале задачите во текот на првата анкета). Месечниот нето надомест за секој супервизор ќе изнесува 22.176 денари, а данокот на личен доход ќе биде платен од страна на проектот. Супервизорите ќе посетат еднодневна обука за спроведување на анкетата и ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, спроведување на теренски анкети и истражување на задоволството на корисниците на судовите и вработените во нив.

Задачи на супервизорите

Проектот ќе спроведе две годишни анкети за задоволството на корисниците на судовите и вработените во нив. Анкетите ќе ги вршат 4 тима составени секој од по 5 волонтери-анкетари, во избрани судови во 4 различни региони во земјата. Секој тим ќе биде надгледуван од по 1 супервизор (вкупно 4 супервизори) со цел да се обезбеди придржување до методологијата на истражувањето. Секој супервизор ќе:

врши координација и надзор на терен над тим од 4 волонтери-анкетари (зависно каде се пријавил, во Скопје, Битола, Гостивар или Штип)

дава методолошки насоки и појаснувања на анкетарите

се грижи за интегритетот на анкетите со потврдување дека волонтери-анкетари ги пополнуваат прашалниците врз основа на интеракција со корисниците на судовите и вработените во нив, дека анкетарите ја следат методологијата на анкетата, и дека навремено и правилно ги внесуваат одговорите во базата на податоци за анкетите

проверува дали анкетарите правилно ги поставуваат и појаснуваат прашањата на корисниците на судовите и вработените во нив

ги оценува учинокот на анкетарите и ќе дава насоки за подобрување на тој учинок

служи како контакт лице на проектниот тим со анкетарите за конкретниот регион

врши други работи по потреба согласно инструкции од проектниот тим.

Услови за пријавување и критериуми за избор

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

завршени студии од областа на општествените науки;

солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации за обработка на текст и бројки).

Евалуацијата и изборот на кандидатите ќе се заснова на следниве критериуми: степенот на образование (максимум 1 бод), нивото на компјутерска писменост (максимум 1 бод), релевантно професионалното искуство (максимум 4,5 бодови), комуникациските вештини (максимум 1 бод), мотивираноста (максимум 1 бод).

За проектот

Проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ (број на договор за грант: 12-6206/1), финансиран од Европската унија, има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Проектот е спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

Comments are closed.