Презентација на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“

Фев 01, 2019

epiadmin

Новости

0

Истражувачката на ЕПИ, Ива Цоневска,  на почетниот настан за ИПА 2 грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“, финансиран од Европската Унија, ги презентираше целите, резултатите и активностите на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, кој што нашата организација го спроведува заедно со Асоцијација за развојни иницијативи – ЗЕНИТ, а во соработка со Здружението на судии на Република Македонија.

На настанот кој што се одржа на 31 јануари  во ЕУ инфо центарот во Скопје беше промовиран проектот за зајакнување на граѓанското општество за ефикасни реформи во правосудството.

Целта на проектот кој што го спроведува нашата организација е да се обидеме да дедеме придонес за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор, со вклучување на граѓанското општество во суштинските реформи.

Преку овој проект ќе се обидеме да обезбедиме структуриран мониторинг и сеопфатен придонес од страна на граѓанското општество во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, како и да се зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудниот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството. Исто така, со овој проект се очекува да се поддржи и промовира суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегантите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики.

Повеќе за овој проект може да видете на следниот линк.

Post by epiadmin

Comments are closed.